Текстот е превземен од „Утрински Весник“   Автор: Киро Кипроски

 

Кој стапнал во Националниот парк „Маврово“, не само што се воодушевил од она што го видел и го почувствувал туку станува редовен посетител


F219D15A03DF4A4587D8E0710DD3EA01

Природните убавини и реткости што се наоѓаат на планините Кораб, Бистра, Дешат и Шар Планина, за кои се грижи Националната установа Национален парк „Маврово“ од Маврови Анови, последниве години се’ се попосетени од домашни и од странски љубители на природата и планината. Посебно треба да се истакне тоа дека домашните посетители од година на година се се’ помногубројни, планинарството се омасовува. Штом ќе пукне пролетта, доаѓаат во Националниот парк „Маврово“ и почнуваат да се шетаат по планините, да ги посетуваат пределите во кои биле или, пак, првпат ќе стапнат, да се насладуваат на дарот на природата, на чистиот планински воздух, ни велат повеќемина планинари кои се постојани гости.

 

„Кој стапнал во Националниот парк ’Маврово‘ не само што се воодушевил од тоа што го видел и го почувствувал туку станува редовен посетител. Инспирирани и поттикнати од првата средба со недопрена природа на поширокиот Мавровски регион, која опстојува со илјадници години, како што била создадена. Токму затоа Паркот е привлечен и ги воодушевува посетителите. Штом еднаш ќе се стапне во Националниот парк ’Маврово‘, како магнет те привлекува постојано да се доаѓа, да се трага по бескрајните убавини и да се ужива во нив, на планините Бистра, Кораб, Дешат, Крчин, Шар Планина, по долините, реките и водопадите, во пештерите, како и посета и разгледување на културно-историските споменици“, ни вели гостиварецот Љубиша Тасевски, планинарски водич, со над 20 години планинарски стаж, кој се вбројува меѓу ретките познавачи на сите планини на Националниот парк „Маврово“. Последниве години, продолжи да ни објаснува Тасевски, посебно го радува зголемениот број домашни љубители на природата, од сите возрасти, машки и женски, кои масовно планинарат, што не беше случај до пред две-три децении. „Планинарењето не само што стана мода и тренд во светот и во нашата земја, туку значајно е тоа што луѓето сфатија дека престојот во прегратките на природните убавини е потреба за организмот, за подобро здравје, за стекнување физичка и психичка кондиција, што придонесува за поквалитетен живот и за подобро извршување на работните и другите обврски“, категоричен е Тасевски. До осамостојувањето на Македонија, ретки беа планинарите кои се искачуваа на покривот на државата Голем Кораб 2.764 (2.864 м). Но, со првото масовно искачување, што беше организирано на 8 септември 1991 година, по повод одржувањето на референдумот за самостојна македонска држава, од скромните стотина лица, последниве години бројката достигна над 2.500 лица, со постојана тенденција на зголемување. И не само тоа. Во периодот од мај до октомври, Кораб постојано е „окупиран“ од планирани, особено во деновите на викендите, групи планинари од речиси сите делови на Македонија, како и групи планинари од Полска, Чешка, Словачка, Германија, Австрија, од скандинавските држави од соседството, кои го крстосуваат Кораб и се искачуваат не само на врвот Голем Кораб, туку и на другите врвови: Мал Кораб (2.310 м), Мала Корабска Врата (2.465 м), Голема Корабска Врата (2.062 м) и Цигански Премин (2.305 м). Планинарите од странство со фотографии и текстови во весниците и порталите ги афирмираат природните убавини и реткости, а како резултат на тоа доаѓаат нови групи планинари.

F620154A72675F4E8DF42011D488A56B

„Патот до секоја скриена убавина е долг и тежок, но по посетата на водопадот Длабока Река, на планината Кораб, сите се сеќаваме со радост“, ни вели Горан Николоски, планинарски водач на ПД „Макпетрол“ од Скопје, кој пред неколку дена со група планинари беше кај водопадот.

 

Длабоко во пазувите на масивот Кораб, се наоѓа најдолгиот водопад во нашава држава, Длабока Река (138 м). Тргнавме од горнореканското село Рибница и пешачевме четири и пол часа. Патем се пробивавме низ зараснати патеки, прескокнувавме паднати дрвја, преминувавме преку снег. Под стрмниот Кабаш, наидовме на голема лавина од снег и камења. Местото изгледаше како да паднал метеор, извиткани дрвја без ниту едно ливче, измешан снег со камења, уништена патека. Од платото на височина од околу 2.000 м, го видовме водопадот. Тоа место го нареков „најдобриот природен телевизор на светот, десно се издигаат врвовите на Голем и Мал Кораб, лево стрмниот Кабаш, долу Длабока Река, а пред нас во далечина во сиот раскош беше водопадот, кој изгледаше како тенка нишка среде темните карпи, но, како што му се приближувавме, беше се’ повисок и побуен. Реката која се полнеше од водопадот беше брза и мраз студена. Патем минувавме покрај темноцрвени, скоро црни цветови, корабски лалиња“. Така Николоски ни го опиша престојот кај водопадот Длабока Река.

 

Во близина на селото Ростуше, административен центар на Општина Маврово Ростуше, се наоѓа познатиот водопад Дуф, висок 26 метри и претставува ремек-дело на природата. Од пред неколку години е изградена туристичка патека, со патокази, клупи за одмор. Не претставува никаков напор да се пристигне до водопадот, да се пешачат неколку стотици метри низ прекрасна природа од Ростуше, потребни се дваесетина минути за да се види ова чудо и дар на природата.

 

Исто така, во непосредна близина на Ростуше, на планината Дешат, на надморска височина од 1.570 м се наоѓа глацијалното езеро Локув. Љубителите на природните реткости можат да се стигнат по две обележани патеки. Едната води од селото Битуше, а другата од селото Требиште.

 

Од пред неколку години, Националниот парк „Маврово“ ја уреди и за посетителите стана достапна пештерата Шаркова Дупка, која се наоѓа во селото Маврово, температурата изнесува меѓу 5 и 8 Целзусови степени. Пештерата е богата со фигури создадени од сталактити и сталгмити, посебно привлекуваат украсите наречени „Вечна љубов“, „Мавровска волчица“, „Св. Климент Охридски“ и други, се наоѓа и мало езерце, кое напролет е полно со вода.

 

Националниот парк „Маврово“, формиран пред речиси 65 години, се простира на површина од 73.088 хектари, кој располага со планински предели, пештери, глациони езера, водопади, реки, потоци, прекрасни пејзажи на кои се наоѓаат ретки растителни и животински видови, посебно мечката, рисот, еленот и други. Флората е застапена со над 1.00 вида виши растенија, 38 се дрвни видови, 35 грмушки, а карактеристично е тоа што тука се наоѓаат 12 ретки растителни вида. Исто така, Паркот изобилува и со животински свет: 11 вида водоземци, 38 вида цицачи и 140 вида птици.

BEA3C6C83F08AD4688E4E4F870E444B0

Паркот се доближи до посетителите

 

„Вработените на Националната установа Национален парк „Маврово“ од Маврови Анови, со цел на посетителите да им ги доближи и да бидат подостапни природните убавини и реткости, во оваа насока во последниов период реализира повеќе активности и проекти“, ни вели Онер Јакупоски, прв човек на Паркот. Во населбата Маврови Анови беше изграден Информативен туристички центар каде што секојдневно посетителите можат да ги добијат сите информации за Паркот, туристичките локалитети, хотелско-угостителските објекти, цените, да извршат резервации и слично.

 

Значајно е тоа, продолжи да ни објаснува директорот Јакупоски, што беа уредени неколку туристички локалитети и во секое време се отворени за посетителите, како што се пештерата Шаркова Дупка во Маврово и водопадот Дуф кај Ростуше, а беа поставени 61 информативна табли и девет билборди. За подобра информираност на гостите, постојано се печатат постери, флаери, летоци, програми и понуди. Мината година беа обележани, односно маркирани планинарски и велосипедски патеки во должина од 550 километри. Маркирани се патеки за сите возрасти, поделени на неколку нивоа и се опфатени сите реони на паркот. Овој проект наиде на големо одобрување од туристите и од локалното население. Патеките се уредени по сите меѓународни стандарди и нивната експлоатација е голема. На територијата на Паркот беа изградени 55 настрешници со природен материјал (дрво и камен), со цел да се задржи автентичноста и пејзажната вредност на пределот. Секоја настрешница има маси и клупи за седење и покриени се со дрвени шиндри заради заштита од атмосферски влијанија. На уредените туристички локалитети беа поставени 21 дрвена автентична клупа за одмор и се направени две училници во природа што се користат од образовните институции.

 

Националниот парк има седуммина лиценцирани водачи во планина според UIMLA-стандард. Цената на една тура се формира во зависност од времетраењето на ангажираноста на водачот и се движи меѓу 40 и 120 евра, за водење група во траење од 8 часа на места каде што условите за планинарење се најтешки.

 

Реката Радика и другите реки и потоци во Паркот, кои се богати со ендемични риби, со познатата радичка пастрмка, се мамка за риболовците. Цената на дневната риболовна дозвола изнесува 150 денари, а годишнат

 

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider