Во Националниот парк Маврово продолжуваат активностите за зајакнување на капацитетите на вработените за работа со ГИС ситемот и неговата примена во редовната работа на паркот.

Во просториите на управата на Националниот парк Маврово на 22.04.2015 година, во рамките на проектот „Подобрување на управувањето со националните и природните паркови во прекуграничната област““ финасиран од Европската унија се одржа обука на дел од вработените во Националниот парк Маврово и Националниот парк Пелистер за новиот ГИС софтвер изработен за потребите на Националните паркови.

Обуката се состоеше од два дела при што во првиот дел вработените се запознаа со ГИС системот, неговите карактеристики, можности и неговата примена во работењето на парковите. Предавачите во вториот дел објаснија како се работи со ГИС софтверот при што беше објаснета целата постапка чекор по чекор во кој се вклучија и учесниците и се обработуваа практични примери од реални ситуации и начинот како да се постапи по истите.

На оваа обука исто така беа претставени и новите ГПС уреди од најновата генерација и беше одржана обука за користење на истите.

DSC00704 DSC00702 DSC00705 DSC00711 DSC00712 DSC00706

 

 

 

 

 

 

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider