Пилот тура за набљудување на животинскиот свет во НП Маврово
Националниот парк „Маврово“ во рамките на своите програми и надлежности врши активности за збогатување на туристичката понуда, со што ќе се придонесе за развој и унапредување на туризмот која претставува значајна економска гранка за овој регион.
Во рамките на проектот “Bear vieweing and conservation tour”, во Националниот парк „Маврово“ се реализираше промотивна тура со пилот група која се состоеше со гости од соседните држави, експерти од националните паркови, министерства, јавни установи кои се занимаваат со заштита на природата како и туроператори со главна дејност активен туризам.
Со гостите од Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија беше реализирана тура која ги опфаќаше регионот кај Аџина река, Репродуктивниот центар за Балкански елен „Бунец“ и планината Бистра.
Оваа тура беше реализирана од ренџерите во паркот кои на гостите им ги покажаа најсоодветните места за набљудување на дивечот, скривалиштата за набљудување како и активностите кои паркот ги превзема за заштита на дивечот.
На оваа активност претходеше и обука на дел од ренџерите вработени во паркот за реализирање на тури од ваков вид со што се зголемија капацитетите на паркот за да може да одговори на барањата на туристите