ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ ПРИ СПОРТСКО- РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ ВО ВОДИТЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА НAЦИОНАЛЕН ПАРК „МАВРОВО“
ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ ПРИ СПОРТСКО- РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ ВО ВОДИТЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА НAЦИОНАЛЕН ПАРК „МАВРОВО“
РЕКА РАДИКА И ПРИТОКИ
-Дозволен рекреативен и спортски риболов од 01.02 до 30.09
-Дозволен дневен улов 5 парчиња со големина над 30 см.
-Дозволени риболовни средсва: машинка со исклучиво вештачки мамци, блинкер, мушички (до три мушички на сет)
-Дозволени денови: петок, сабота, недела и државни празници
МАВРОВСКО ЕЗЕРО
-Пастрмка од 01.02 до 30.09
За Останати видови од 01.02 до 31.10 со забрана за време на природен мрест и тоа:
-Клен од 30.04 до 31.05
-Скобуст од 30.03 до 31.05
-Мрена од 30.04 до 30.06
-Плашица од 30.04 до 30.06
-Крап од 01.04 до 30.06
-Дозволени денови: петок, сабота, недела и државни празници, а од 01.07 до 31.10 дозволен е риболов секој ден
-Дозволен дневен улов:
-Пастмка: 4 парчиња со должина над 30 см
-Крап: 4 килограми
-Останати видови риби: 3 килограми
-Дозволени риболовни средства: две риболовни трски со три јадици или три риболовни трски со по една јадица
• Риболовна дозвола се издава на лица што поседуваат легитимација за рекреативен риболов
• Риболовната дозвола нема да важи доколку не се почитуваат горе наведените правила и ќе следува соодветна пријава и одземање на опремата за риболов
• Риболовните дозволи се издаваат на означените пунктови:
-Управна зграда на Националниот парк „Маврово“
-Информативен туристички центар
ВО СЛУЧАЈ НА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ГОРЕ НАВЕДЕНОТО ЌЕ СЕ ПРЕВЗЕМАТ СООДВЕТНИ КАЗНЕНИ МЕРКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РИБАРСТВО И АКВАКУЛТУРА И КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК НА Р.МАКЕДОНИЈА