Работни средби во НП Маврово и Пешкопеја- Р.Албанија
Деновиве се одржаа две работни средби помеѓу партнерските организации од проектот ” Подобрување на управувањето во националните и природните паркови во преку-граничната област”. Менаџментот на ЈУНП Маврово и менаџментот на НП Луна и природниот парк Кораб- Коритник од Р.Албанија, одржаа две средби на кои покрај меѓусебната посета, беа разменети и работни искуства а се разговараше и за продлабочување на соработката и збратимување на парковите со цел поголемо искористување на финансиските средства кои се достапни преку европските развојни фондови. И двете страни искажаа задоволство од реализацијата на проектот од кој очекуваат огромни придобивки. И двете страни наскоро ќе ги завршат сите проектни активности и ќе отпочнат со активно користење на веќе инсталираната ГИС опрема.