[:mk]Почитувани посетители на Националниот парк Маврово

Ве известуваме дека поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Ј.У.Н.П. Маврово воведува задолжително пријавување на поединци или групи кои планираат движење во шумите и шумското земјиште на територија на паркот во периодот од 6:00 до 20:00 часот.

Задолжителното пријавување за движење на територија на НП Маврово не важи за органите на Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, како и риболовци кои поседуваат важечка дозвола за риболов.

Пријавувањето може да го извршите во просториите на туристичкиот инфо центар во Маврови Анови или преку е-маил адресата mavrovonationalpark@gmail.com со пополнување и испраќање на образецот  Пријава за движење на територија на Н.П. “Маврово” . 

Доколку сакате да пријавите движење на територија на НП Маврово ве молиме да ги следите следните инструкции:

Одете на линкот http://npmavrovo.org.mk/download/5083/ и превземете го образецот: Пријава за движење на територија на Н.П. “Маврово”.  Истиот треба да се пополни од ваша страна, да се потпише и скениран да се испрати на mavrovonationalpark@gmail.com

Потоа одете на www.npmavrovo.mk/tickets  од каде што можете да  извршите уплата на туристичка такса за влез во паркот (30 денари по лице за секој ден од вашиот престој на територија на паркот).

Во пораката која ќе ни ја испратите заедно со пополнетата пријава за движење на територија на Н.П. “Маврово”, наведете име и презиме на лицето на кое ќе ја извршите уплатата на туристичка такса за влез во НП Маврово (едно лице може да изврши уплата и за поголема група на посетители), за да можеме истата да ја евидентираме и воедно да ги известиме нашите служби кои вршат контрола дека вие или вашата група сте уредно пријавени.

Доколку пријавувате групата поголема од 5 лица тогаш ќе ве замолиме да ни доставите и посебен список со информации за сите посетители кои ќе бидат со вас.

Откако ќе го направите ова нашите служби во најбрз рок ќе ви одговорат и ќе ви го  достават образецот: Дозвола за движење на територија на НП Маврово.

За лицата кои своето движење во паркот ќе го пријават по електронски пат, како доказ дека поседуваат дозвола за движење и ги регистрирале своите активности ќе служи и потврдата за уплатена туристичка такса која системот на вашата електронска адреса ќе ви ја достави автоматски.

Ве молиме сите претходно наведени образци како и потврдата за уплатена туристичка такса  да ги зачувате и да ги приложите доколку тоа ви биде побарано од ренџерските служби или од страна на граничната полиција.

Воедно би сакале да ве замолиме за исклучително внимание за време на вашиот престој на територија на паркот со цел избегнување на несакани последици и предизвикување на пожари. Доколку забележите пожар или друг случај на загрозување на природата ве молиме истото веднаш да го пријавите на:

e-mail: mavrovonationalpark@gmail.com

тел: 042 489 425 и 042 489 019

 

НАПОМЕНА:

Жителите на општина Маврово и Ростуше своето движење во шумите и шумското земјиште на територија на паркот може да го пријават кај претставниците на ренџерската служба на НП Маврово или на тел:  078 495 570 за жители на Мавровскиот регион и 078 495 598  за жителите на Реканскиот регион.

Жителите на општина Маврово и Ростуше се ослободени од обврската за уплата на туристичка такса за влез на територија на НП Маврово.

 

Со почит,

Ј.У.Национален Парк “МАВРОВО”

 [:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]