[:mk]

“Со регионална соработка, до одржливи заштитени подрачја” беше мотото под кое во период од 31.05.2022 до 03.06.2022 на Илиџа-Сараево во Босна и Херцеговина година 150 учесници присуствуваа на шестата Регионална конференција на “Паркови Динариди”, НВО во која членуваат 106 заштитени подрачја, од кои 46 национални паркови, од просторите на Балканскиот Полуостров, од сите држави на поранешна Југославија плус Албанија. Главни цели на конференцијата беа да се истражи како да се зајкне регионалната соработка, да се подобри координацијата за да се зачува биодиверзитетот на Западен Балкан и да се изврши индентификација на кој начин различни актери може да придонесат и да го унапредат зачувувањето на природата со имплементација на зелената агенда на западен Балкан. Во рамките на конференцијата беше одржана 15 седница на Управен одбор,. Исто така беше одржано Собрание на „Динариди“ како и Базар на кој беа претставени производи од локални производители од Националниот парк Маврово но и производи од други заштитени подрачја.

[:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]