Соработка помеѓу НП Маврово и Центарот за развој на Источен плански регион
Претставници на ЈУНП Маврово беа дел од работилница за зајакнување на капацитетите на вработените во Центарот за развој на Источен плански регион и општините во регионот. Овие работилници се спроведуваат во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Центарот за развој на Источен плански регион. Крајна цел од реализацијата на овие средби е формирање на едно поголемо заштитено подрачје кое се простира во неколку општини од источниот плански регион. Во тој контекст преку неколку презентации и дискусии пред гостите беа презентирани работните искуства , права, обврски и проблеми со кои вработените од ЈУНП Маврово секојдневно се соочуваат. Покрај останатите, пред присутните се обрати и директорот на ЈУНП Маврово г.дин Самир Ајдини