JAВЕН ПОВИК
Согласно своите надлежности определени во член 141-а од Законот за заштита на природата (Службен весник на РМ бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14) и член 72 став 3 и став 4 од Законот за шумите (“Службен весник на Република Македонија“ бр.64/2009, 24/2011, 53/2011, 25/2013, 79/2013, 147/2013, 43/2014), ЈУНП Маврово објавува ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барања за склучување на договор за откуп на други шумски производи, преку три откупни пункта,(Мавровски регион, Горно Рекански и Долно Рекански регион) за целата територијата на НП Маврово, со надоместок. Времетраењето на склучените договори е во траење од 2 години од денот на склучувањето.
Јавната установа за потребите на јавниот повик ги издава следните документи:
– БАРАЊЕ за склучување на договор за откуп на други шумски производи,
– ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОТКУП на други шумски производи на територијата на НП Маврово,
– ГОДИШЕН ПЛАН ЗА ОТКУП на вкупни количини други шумски производи, и
– ДОГОВОР за откуп на други шумски производи преку откупни пунктови со надоместок.
Горенаведените документи, во интегрална форма, се објавуваат во електронска верзија на интернет страната на ЈУНП Маврово www.npmavrovo.org.mkод каде што може да бидат превземени.
Право на доставување на барање има секое заинтересирано домашно правно лице кое ги исполнува следните услови:
1.       Да има регистрирана дејност за вршење откуп на други шумски производи;
2.       Да има 5 години искуство на полето на откуп на други шумски производи;
3.       Да поседува капацитет за преработување на откупените ДШП;
4.       Да има позитивна економско-финансиска состојба.
Освен доказ за исполнување на горенаведените услови, правното лице кон Барањето за склучување на договор ќе треба да ги достави и следните документи за утврдување на неговата способност:
– ДРД образец,
– Изјава дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда,
– Потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган,
– Потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган,
– Потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган,
– Уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност,
– Информација за економско-финансиска состојба од Централен регистар.
Се повикуваат сите заинтересирани домашни правни лица кои ги исполнуваат горенаведените критериуми во рок од 10 дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб страната на ЈУНП Маврово, да достават барање за склучување на договор заедно со останатите документи на e-mail адреса npmavrovo@npmavrovo.org.mk со предмет: „Барање за склучување договор за откуп на ДШП“.
Со почит,
ЈУНП „Маврово“

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider