Јавен повик за Огревно дрво за физички лица за 2019 год.
Се повикуваат сите заинтересирани физички лица да учествуваат по објавениот ЈАВЕН ПОВИК за Огревно дрво за тековната 2019 година.
Учесниците на Јавниот повик може да се информираат на www.npmavrovo.org.mk или во управата на паркот.
Купувачите може да ги користат Барањата како прилог на Јавниот Повик или може да аплицираат и во управата на паркот кај лицето м-р Алмедина Мехмеди.
Управата на паркот ќе подготви Договори на доставените барања, регулирајќи ги меѓусебните односи како продавач и купувач.
Управата на паркот го задржува правото за распоред на купувачите по работни единици.
Рок за поднесување на барање е од 01 до 10 секој месец во тековната 2019 година
Јавниот повик можете да го превземете ТУКА
Барањето за Огревно Дрво за физички лица можете да го превземете ТУКА