ЈАВЕН ПОВИК за огревно дрво и техничка маса од Ела и Бука за тековната 2017 година

Управата на Јавната Установа Национален Парк Маврово – Маврови Анови применувајќи го доследно Законот за шуми Сл.весник на РМ бр.64/09 и 160/14 и одредбите според Член 70 и 70 „а“ за јавна продажба на дрвни сортименти оваа година на официјалната веб страна www.npmavrovo.org.mk, го објавува следниов:
ЈАВЕН ПОВИК
(за правни лица)
Се повикуваат сите правни лица кои се заинтересирани да учествуваат по објавениот ЈАВЕН ПОВИК за Огревно дрво и Техничка дрвна маса од Ела и Бука за тековната 2017 година
Учесниците на Јавниот повик може да се информираат преку наведената веб страна на паркот или евентуално и детално во Управата на паркот.
Купувачите може да ги користат Барањата како прилог на Јавниот повик или може да аплицираат и во Управата на паркот кај лицето Алмедина Мехмеди.
Управата на паркот ќе изготви Договори по доставените барања, регулирајќи ги меѓусебните односи како продавач и купувачи.
Управата на паркот го задржува правото за распоред на купувачите по работни единици .
Краен рок за поднесување на Барање е 07.04.2017 година.
Во продолжение може да ги прегледате и превземете сите потребни документи поврзани со јавниот повик.