ЈУНП “Маврово“ донираше нов стоматолошки стол за стоматолошкото одделение во с.Скудриње
ЈУНП Маврово уште еднаш потврди дека е сериозна институција со висок степен на општествена одговорност, посебно кога се работи за интересите на локалното население.
Согласно своите заложби за подобрување на животот на населението кое егзистира на територијата на Националниот парк Маврово , од страна на ЈУНП Маврови на стоматолошката ординација во с. Скудриње и беше доделен современ стоматолошки стол.
Овој значаен подарок за амбулантата, беше предаден од директорот на ЈУНП Маврово г-дин Онер Јакупоски кој истакна дека со ова во огромна мерка ќе им се помогне на локалните жители да се стекнат со подобра стоматолошка услуга, но и ќе се намалат нивните трошоци за патување до соседните градови или здравствениот дом во с. Ростуше поради стоматолошки прегледи.
Како поддршка на акцијата, од страна на градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, беа доделени и дополнителни стоматолошки инструменти и елементи потребни за ефикасно работење на стоматолошката ординација.
Стоматолошката опрема му беше предадена на директорот на ЈЗУ “Д-р.Русе Бошкоски“ Д-р. Сабре Незироски,кој истата ја пушти во официјална употреба.
Господинот Незироски изрази огромна благодарност до директорот на ЈУНП Маврово г-дин Онер Јакупоски како и градоначалникот г-дин Мукрем Мехмеди а воедно упати и благодарност до г-дин Мирвет Мурати – локален стопанственик, и Д-р. Адмир Јакупоски, кои дадоа исклучителен придонес за реализацијата на овој проект.