7 ми октомври – Ден на заштита на Динаридите
Денот на заштита Динариди – 7 октомври, воспоставен е на 29 Мај 2019 година на Генералното Собрание на Парковите Динариди – Мрежа на заштитени подрачја Динариди во паркот Бледиње (Босна и Херцеговина).
Секоја година на 7 Октомври го одбележуваме Денот на заштита на Динаридите. Укажуваме на важноста на природното и културното наследство во земјите на Динарскиот лак, како и испреплетеноста на природното богатство и културно историски вредности на овој по многу нешта посебен простор во Европа.
Поради пандемијата на COVID – 19 оваа година прославата ќе се одвива виртуелно. Пандемијата влијаеше на многу аспекти на работењето и функционирањето на парковите во нашата регија но и пошироко,па така со одбележување на овој ден сакаме да обрнеме внимание на влијанијата на пандемијата на заштитените подрачја но и потребата од зајакнување и продлабочување на соработката како одговор на новонастанатата криза. Поради тоа и овогодишниот слоган на денот на заштита на Динаридите е #ДинаридитенеОбединуваат.
Пандемијата на COVID -19, во минатите девет месеци, во земјите на Динарскиот лак драматично влијаеше на животите и на здравјето на луѓето, носејќи со себе економски и социјални предизвици, кои можат да имаат долгорочни последици во општеството.
Сигурно дека глобалното прекумерно и неконтролирано користење на природата – уништувањето на шумите, пренамената на земјените површини, експлатација на дивите видови, неодржливиот развој на земјоделието во многу делови на светот, влијаеше на создавање на услови за пренесување на оваа зоонотска болест од животните на луѓето.
Моменталната пандемија би можела значително да ги уназади неколку деценискиот труд во воспоставување на одржлив и ефикасен систем на заштита на природата и управувањето во многу заштитени подрачја.
Заштитените подрачја се над 10% од земјите на Динарскиот лак и освен што претставуваат еден од центрите за биодиверзитет на европско ниво со голем број ендемски и реликтни видови, во последната деценија преку развојот на одржливиот туризам, земјоделие и занаетите стануваат се позначајни за економскиот развој на своите држави.
Начинот на кој ќе се однесуваме со прашањата од областа на животната средина и управувањето на заштитените подрачја во текот и по пандемијата ќе има големи импликации на природата и на нашиот однос кон неа во иднина. Но таа би можела да биде и шанса за изградба на позитивна иднина.
Ефектите на пандемија се видливи во прв ред преку намалување на економските активности, што преку намалување на буџетите за голем број на заштитени подрачја ќе доведе до негативни мултипликативни ефекти на квалитетот на управување.
Посебно е важно да се осигура континуитет во основните функции на заштитените подрачја како не би долшло до несакани последити т.е деградација на темелните вредности на шумските комплекси, дивите видови и на чувствителните екосистеми.
Денес по повод 7 октомври – Денот на заштита Динариди ги повикуваме сите субјекти вклучени во заштитата на природата и управување со заштитените подрачја на Динарскиот лак, Влади и владини агенции, членовите на Парковите Динариди, академската заедница, невладиниот сектор, да се обезбеди заеднички штит за природата на Динаридите, преку синергетски планови и делувања, како би можеле да ги намалиме и ублажиме ефектите на пандемијата COVID-19, со што би се создала нова позитивна енергија за пост пандемиското време.
Посебно ја истакнуваме потребата за изнаоѓање на начини за унапредување на регионалната соработка, поради тоа што вредностите на добра пракса можат да бидат многу значајни за прилагодување на оперативното управување со заштитените подрачја.
Но и покрај се и покрај отежнатата соработка во време на пандемијата на COVID 19, секој поединечен напор за заштита на загрозените видови, едукација на младите, истражување на екосистемите, изградба на нови содржини, промоција на културното наследство, одржување и воспоставување на нови активности на регионална соработка, прави добро на сите нас, добро за природата и културното наследство на Динаридите.
ДИНАРИДИТЕ НЕ ОБЕДИНУВААТ !