[:mk]Ски центар Заре Лазаревски – Маврово

 

Маврово е познато по еден од нај убавите ски центри во Македонија ски центарот “Заре Лазаревски„ кој е сместен на падините на планината Бистра. Прекрасното Мавровоско езеро опколено со високи и убави планини нуди одлични можности за туристите кои ќе одлучат зимскиот одмор да го поминат тука. Она со што располага ски центарот како и услугите кои ќе ги добиете тука се следниве:

-Единаесет ски-лифтови и три жичари со вкупна должина од 5.700 м. и капацитет од 11.100 патници на час.

-Можност за скијање на висина од 1.255  до 1860 метри надморска височина

-Професионална подготовка на патеките со помош на 6 ратраци

-Должина на скијачките патеки под жичарниците 5.000 м. и должина на ски ливтовите од 10.000 м.

-Осветлени и озвучени патеки – ноќно скијање од 19 ч. до 24 ч.

-Кафе барови ( бачила) долж ски патеките на планината Бистра

-Ски патрола, амбулантна моторна санка и други моторни санки, машина за правење вештачки снег

-Просечна снежна покривка – 70 см.

-Ски сезоната може да започне во ноември и да заврши најдоцна до април

-Ски школа во која работат врвни ски инструктори

 

Алпско скијање:

-Скијачки рути за алпско скијање

-Патеки за почетници

-Патеки за напредни скијачи

-Патеки за натпреварувачи во алпско скијање

 

Други видови на скијање:

Ски центарот нуди одлични услови за љубителите на сноубордингот и многу услови за скијање на различен начин како крос- кантри патеката  “Мирна долина„ долга 7.5 км или користење на 30км долгата патека на која се одржува мавровскиот комеморативен турнир (слободен стил). Ски центарот организира и меѓународни натпревари во слалом и велеслалом, сноубординг и др.

 

 

Турно скијање- Free ride skiing

На територијата на паркот посебно на планините Бистра, Кораб и Крчин постојат идеални услови за турно и фри-рајд скијање кое што е хит во светот. Националниот парк “Маврово„ работи на обезбедување на идеални услови за туристите кои ќе ги користат овие патеки во иднина а воедно истите ги промовира на повеќе значајни саеми ( на почетокот на 2011г. беа посетени меѓународните саеми за туризам во Берлин, Истамбул и Тел Авив). Моментално во соработка со Македонската асоцијацијата на професионални водачи во планина се подготвува екипа од 10 локални професионални водaчи кои ќе ги услужуваат туристите кои ќе бараат вакви услуги.

 

RENT-A-SKI

Изнајмување на ски опрема се врши на самиот паркинг во близина на ски центарот како и во самиот ски центар.

Цена за скии (или даска), везови и штеки – САМО 200 ден. на ден

 

Ски сезони:

Старт на сезона- 15 ноември

Шпиц на сезона од 25 декември до 31 јануари

Сезона 01 фебруар до 01 април во зависност од снежната покривка

 

Ски цени:

Ценовникот  на ски центарот “Заре Лазаревски„ може да го превземете во делот превземања или на следниов линк:http://npmavrovo.org.mk/index.php?id=99

 

Забава:

Ноќите во прекрасното Маврово може да ги помнете во неколкуте клубови и ресторани во близина на ски центарот како и во околината на Маврвското езеро.

Нај познати локали во кои ќе си поминете одлично се:

-дискотеката“ Ратрак“, ресторан “Гламур“, ресторан“ Кристијан“, ноќен клуб “Јети“, кафе ресторан “Алпина“, ресторан “Чезарина“, кафе “Кабала“ и многу други.

 

 

 

 

Настани

Главни настани кои се организираат се:

-Мавровски комеморативен турнир;

-Снежен град;

-Европски куп во сноуборд;

-Национални и меѓународни натпревари во слалом и велеслалом.

 

Контакт информации:

Ски центар “ Заре Лазаревски„

Телефон:

+ 389 (0) 42 489 065

Факс:

+ 389 (0) 42 489 066

E-mail:

skimavrovo@bistra.com[:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]