Информација за спортски риболов на Мавровско Езеро за месец октомври
Ве известуваме дека од 01.10.2020 година спортскиот риболов на река Радика и притоки е забранет до 01.02.2021
Ве известуваме дека спортскиот риболов на Мавровско Езеро ќе биде дозволен секој ден од 01.10.2020 до 31.10.2020 за сите видови риби освен за ПАСТРМКА која е во период на природен мрест
Ценовник на дозволи за спортски риболов:
- Дневна риболовна дозвола – 200,00 денари
- Седумдневна риболовна дозвола – 1000,00 денари
- Петнаесетдневна риболовна дозвола – 1700,00 денари
- Годишна риболовна дозвола – 4000,00 денари
Дозволи можат да се набават во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.
Исто така ве потсетуваме дека од оваа година воведовме и електронска наплата на Дневни риболовни дозволи. Дозволата може да се купи на www.npmavrovo.mk во делот за БИЛЕТИ или на следниов линк https://npmavrovo.mk/buy/130. За да купите дозвола преку електронскиот систем мора да имате ВАЖЕЧКА E-MAIL адреса на која ќе добиете потврда за уплата. Уплатата може да се изврши со сите видови на платежни картички.
Останува обрвската да поседувате ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ со платена членарина за тековната година.
Дозволата која ќе ја купите по електронски пат ќе ја има и во хартиена форма која може да се подигне во Информативниот туристички центар
ПРАВИЛАТА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ ПРИ СПОРСКО-РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ ВО ВОДИТЕ НА РЕТИТОРИЈАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК МАВРОВО МОЖЕТЕ ДА ГО ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА