Овчарски средби 2010
На месноста викана „Смрдливи води“ традиционално еден ден пред галичка свадба се одржа манифестацијата „Ден на одгледувачите на овци и кози“. Како и секоја година посетеноста беше голема а пред посетителите се обратија Министерот за земјоделство Љупчо Димовски, амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере како и Градоначалникот на општина Маврово и Ростуша Мукрем Мехмеди. И оваа година се одржаа натпреварите во стрижење и молзење, а беа доделени и неколку награди. За најквалитетно бело сирење жирито го избра производот на Митре Ангелоски од битолското село Витолишта, за најдобро козјо сирење беше прогласен производот на Соња Николовска., а за најдобар кашкавал беше прогласен кашкавалот на Вардар 03 Градско.Во натпреварите за најбрзо стрижење овци најдобар беше Зулаф Ибиши, а за рачно молзење победија Зулаф Ибиши и Билјана Димовска. Специјално признание му беше доделено на Киро Докузоски зачетникот на манифестацијата