Одржан состанок со месните заедници
Во просториите на Туристичкиот инфо центар во М. Анови се одржа состанок на кој присуствува претставници од месните заедници од Мавровскиот регион, претставници од Националниот парк Маврово и експертот за планинарски туризам ангажиран од УКОДЕП. На овој состанок претставниците на месните заедници беа запознаени за активностите што ги превзема паркот за унапредување на туризмот, при што беше претставен планот за маркирање на планинарски и велосипедски патеки на целата територија на паркот. Во наредниот период ќе се маркираат 8 пешачки и 3 велосипедски патеки кои ќе бидат уредени по највисоки стандарди. Од страна на присутните беше поздравена ваквата акција и се донесе заклучок по завршувањето на првата фаза од овој проект повторно да се свика состанок и да се презентира сработенo
то.