Официјално -ЈУНП Маврово дел од EUROPARK Федерацијата

Почитувани, со огромно задоволство ве известуваме дека ЈУНП Маврово, стана дел од EUROPARK Федерацијата. Оваа организација во моментов ја сочинуваат повеќе од 500 членови, претставници на заштитени подрачја, невладини организации, и други институции.
Оваа Федерација е позната како Федерација на европски паркови на природа и национални паркови, а формирана е 1973 година со седиште во Графенау, Германија. Основната цел на оваа Федерација е подобро управување со националните паркови, подобра заштита на природните богатства и поттикнување на меѓусебна соработка помеѓу парковите.
Мора да се нагласи дека низ процесот за добивање на сертификатот за членство во EUROPARK федерацијата, проектот динариди имаше огромна улога давајќи значајна помош и подршка на Националниот парк Маврово при што ја користиме оваа прилика да ја изразиме нашата огромна благодарност.