СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

                          Протестите кои се повторуваат на регионалниот пат Гостивар – Дебар, како и блокирањето на локалните патишта кон горнореканските села, ја обврзуваат Управата на Паркот по кој знае кој пат да се обрати до медиумите .

Имено, Управата повеќе пати се обиде со изнесување на аргументи и документација да ги убеди жителите дека се спроведуваат само планирани законски активности на терен, меѓутоа не наидовме на разбирање од  членовите на Здружението за рурален развој „ Преродба на Горна Река “,  и што е уште почудно не ги прифаќа нашите покани за средба со цел да ги слушнеме нивните барања и аргументи за обвинувањата .

Со нивните блокади ни се нанесува голема штета во вршење на дејноста и спроведување на активностите според предходно потпишани Договори поврзани со шумско – културните работи, кои произлегуваат од Јавен повик преку Бирото за Јавни набавки, за вршење на ваков тип на работа во шума. Тоа значи дека не исполнување на овие Договори ќе има финансиски имликации кои ќе треба некој да ги надомести.

Ако целта на здружението е Управата на Паркот да престане со активната работа во шума, тоа нема да се случи затоа што последиците ќе бидат огромнии, и ќе бидат погодени повеќе инволвирани  страни  во работењето .

На крајот, Управата на Паркот уште еднаш ќе повтори дека сакаме на разумен начин да се разреши овој случај кој што за нас е сеуште неразбирлив, односно нејасен, против кого е и зошто се протестира.

                                                                                        ЈУНП МАВРОВО

                 24.06.2023                                                                   МАВРОВИ АНОВИ

Logos Slider