Тура по детската патека „Патеката на Петко и шумските жители“
Учениците од О.У. Петар Поп Арсов од Скопје беа во посета на Националниот парк Маврово при што беше реализирана тура по детската патека „Патеката на Петко и шумските жители“ во сафари паркот Бунец. Турата беше реализирана од водачите од здружението Апленд Авантура и вработените во Националниот парк Маврово. Учениците имаа можност да се запознаат со растителниот и животинскиот свет на Националниот парк Маврово претставен од водачите и вработените во паркот движејќи се по патеката која е уредена со табли со информации илустрирани за деца за ворзаст од 6 до 12 години. Сите се согласија дека е ова одлично искуство и дека ваквите едукативни тури имаат голем придонес за образовниот систем и дека учењето преку игра и забава има голем ефект.
Националниот парк Маврово ќе продолжи со активности со кои ќе се дава придонес во образовниот систем и ќе се залага децата уште од најмала возраст да ја сакаат животната средина и да даваат придонес за унапредување на истата.