Учениците од НП Маврово се запознаваат со Балканскиот Рис
Во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со Националниот парк Маврово одржа неколку предавања во основните училишта кои се наоѓаат на територијата на паркот и општината со цел запознавање на учениците со проектот и неговото значење за заштита на на Балканскиот Рис.
Преку овие предавања на кои активно учество зедоа и учениците, истите се запознаа со карактеристиките на Балканскиот Рис, при што се изработија и неколку интерактивни вежби преку кои полесно ке се доближи значењето на зачувување на Рисот на нашата територија и како можат да дадат свој придонес за остварување на таа цел.