WWF тренинг за развој на проекти во заштитени подрачја
Во рамките на проектот „Динарски лак’ во Сараево Босна и Херцеговина се одржа тренинг за развој на проекти во заштитени подрачја.
Концептот на овој тренинг беше замислен учесниците да се научат на кој начин треба да се размислува во текот на пишувањето на проектот и како да се структуира со цел истиот да биде квалитетен и успешен.
Од страна на предавачите беше преставен увид на ЕУ фондовите кои се достапни, и објаснија што значи да се води ЕУ проект.
На работилницата се работеше на правење на концепт на проектот, буџет и логична матрица, управување со проектен циклус и фази на проектниот циклус.
Во анлализата се расправаше за воведот во анализата на проблемите, постапка за изработка на стебло на проблеми, вовед во анализа на целите, опис на методите за изработка на стеблото на цели и избирање на критериумите.
Во текот на работилницата учесниците работеа во две групи при што првата група работеше на проект за заштита и промоција на ледничките езера во заштитените подрачја додека пак втората група работеше на проект за доближување на заштитените подрачја до децата.
Во наредниов период со помош од WWF ќе се доработат проектите кои треба да бидат готови за неколку месеци и при првиот повик од ЕУ фондовите, заштитените подрачја ќе аплицираат за добивање на средства.