Националниот парк “Маврово“ продолжи со активностите за одржување и збогатување на рибниот фонд во водите на реката Радика и Мавровско езеро.

ЈУНП “Маврово“ , на ден 30.10.2013г.( среда) согласно своите надлежности и планови за заштита, изврши порибување на реката Радика ( на 3 локации), како и на Мавровското езеро( 1 локација).

На овие 4 локации, беа пуштени 100 кг. или околу 15.000, 7- 8 месечни парчиња поточна пастрмка (salmo faroides), која е набавена од репро центарот “Шум“ од Струга.

На оваа активност, и претходеше симболично предавање на запленети риболовни мрежи од криволовци кои беа запленети од страна на ренџерите на паркот во перод од една риболовна сезона. Запленетите мрежи им беа предадени на претставници на Агенцијата за одземени предмети.

Пред сите присутни како и пред медиумите беа прикажани сите запленети предмети и тоа: 8 мрежи со вкупна должина од 140  метри, 1 ранец, сет со 6 блинкери, 1 тег, 3 трски, 3 риболовни машинки, тапи и мамци. Паралелно со оваа активност, официјално отпочнува сезонската забрана за риболов на Мавровското езеро и Радика.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider