Информација за почеток на сезона за спортски риболов на водите во НП Маврово 2022
Ве известуваме дека на 04.02.2022 година (петок) се отвора сезоната за спортски риболов на Мавровско Езеро и река Радика во Националниот парк Маврово.
Денови кои се дозволени за спортски риболов се:
- Мавровско Езеро
Од 04.02.2022 година до 01.06.2022 година дозволени денови за риболов се: петок, сабота, недела и државни празници.
Од 01.06.2022 до 31.10.2022 година риболовот ќе биде дозволен секој ден.
За периодот од 01.10.2022 до 31.10.2022 спортскиот риболов на Мавровско Езеро ќе биде дозволен секој ден за сите видови риби освен за ПАСТРМКА која е во период на природен мрест
- Река Радика и притоки
Дозволени денови за риболов од 04.02.2022 година до 30.09.2022 година се: петок, сабота, недела и државни празници.
Ценовник на дозволи за спортски риболов:
- Дневна риболовна дозвола – 200,00 денари
- Седумдневна риболовна дозвола – 1000,00 денари
- Петнаесетдневна риболовна дозвола – 1700,00 денари
- Годишна риболовна дозвола – 4000,00 денари
Дозволи можат да се набават во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.
Дневна риболовна дозвола може да се купи и преку електронски систем на www.npmavrovo.mk во делот за БИЛЕТИ или на следниов линк https://npmavrovo.mk/buy/130. За да купите дозвола преку електронскиот систем мора да имате ВАЖЕЧКА E-MAIL адреса на која ќе добиете потврда за уплата. Уплатата може да се изврши со сите видови на платежни картички.
Останува обрвската да поседувате ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ со платена членарина за тековната година.
Дозволата која ќе ја купите по електронски пат ќе ја има и во хартиена форма која може да се подигне во Информативниот туристички центар
ПРАВИЛАТА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ ПРИ СПОРСКО-РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ ВО ВОДИТЕ НА РЕТИТОРИЈАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК МАВРОВО МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА