Одржана обука за работа со ГПС уреди
Со цел зајакнување на на капацитетите на вработените во Националниот парк Маврово, во соработка со Македонското еколошко друштво, а во рамките на проектот за Закрепнување на балканскиот рис организираа обука за работа со ГПС уреди ГИС системот како и за работа со корисни апликации кои ќе се употребуваат во редовната работа на вработените во паркот.
Обуката беше спроведена на 20.04.2015 во просториите на Информативниот туристички центар и се состоеше од теоретски предавања како и теренска активност со што вработените се запознаа со начинот на работа со ГПС уредите нивните можности како и примената на истите во редовната работа и исто така како истите податоци да се обработат и да се искористат.
Оваа обука беше успешно спроведена, а унапредувањето на соработката со МЕД ќе придонесе за организирање на уште неколку слични обуки и тренинзи и размената на искуствата на двете организации ќе придонесе за унапредување на заштитата на животната средина и дивиот свет во Националниот парк Маврово.