[:mk]Јавната Установа Национален Парк Маврово – Маврови Анови поврзано со последните случувања, јавни настапи по социјалните мрежи и споделување мислења кои се однесуваат за работните активности во нашата институција, исто така информирани се и повеќе надлежни институции и инспекторати, Амбасади и Министерства, од страна на загрижени или засегнати граѓани кои од незнаење и неиформираност имаат намера да ги престават како нелегални или незаконски нашите планирани активности

Затоа, Управата на Паркот сметаме или подобро кажано има обврска да ја информира целокупната јавност дека сите активности од областа на шумарството произлегуваат од Законот за шуми, и од планските документи – Посебен план за одгледување и заштита на шумите во заштитеното подрачје за Шумско – Просторната Единица Кораб со Важност 2023 – 2032 година одобрен од Министеството за земјоделие, шумарство и водостопанство на РСМ Сектор за шумарство, ловство заведен со деловен Бр. 15/110/2 од 03.02.2023 година, Изведбен План за годишни активности во Оддел 15 „а“ со деловен бр. 15-1083/1 од 30.12.2022 година од Планскиот документ за ШПЕ Кораб кој што се совпаѓа со локацијата која што предмет на активности и на крајот извршен Инспекциски надзор од страна на МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ПО ШУМАРСТВО И ЛОВСТВО РО-II ГОСТИВАР од надлежниот Инспектор инж. Антонио Божиновски после теренскиот увид составен е Записник со деловен Бр. 08-74 од 08.05.2023 година, а прифатен во Управата со деловен Бр. 03-575/1 од 08.05.2023 година

Сметаме дека наведените податоци се доволен аргумент дека Управата на Паркот работи според Закон и одобрени плански документи од сите институции од областа на шумарството

Стручен колегиум:

  1. Томо Ѓорѓевски
  2. Зафкет Веапи
  3. Адмир Мусаи
  4. Велко Лазарески

Директор:

Самир Ајдини

[:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]