Директорот на Националниот парк Маврово Самир Ајдини денеска оствари средба со Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на која се разговараше за конечно успешно завршување на постапката за репрогласување на Националниот парк Маврово и донесување на нов План за управување со заштитеното подрачје. На средбата беше договорено дека Министерството за животна средина и просторно планирање ќе го фасилитира изнаоѓањето на средства за ажурирање на Студијата за ревалоризација на природните вредности во најкус можен рок и завршување на процесот согласно барањата на Законот за заштита на природата.

 

Logos Slider