Технички состанок за формирање на регионална платформа за големи месојади во Динаридите
Во Националниот парк Маврово во хотел Радика во с. Леуново од 30.03.2022 до 31.03.2022 година се одржа технички состанок на претставници на надлежните институции од С. Македонија и претставници на институции и експерти од Словенија и Хрватска вклучени во управувањето со големите месојади. Состанокот го отвори Директорот на Националниот парк Маврово Самир Ајдини кој ја поздрави иницијативата и ги претстави досегашните проекти во врска со управувањето со големите месојади и изрази подготвеност за соработка со сите релевантни институции за за да се реализира целта на платформата за воспоставување долгорочен механизам за размена на искуства и податоци за управување и администрација на големите месојади во Динаридите.
На сестанокот присуствуваа претсавници од сите национални паркови во државата, претставици од Министерство за Земјоделство, Министерство за Животна Средина и Просторно Планирање, Шумарски Факултет, Македонското еколошко друштво, како и експерти од Carnivora Magna team, UBA, Словенската шумарска служба и координаторите на платформата за големи месојади во Динаридите
Состанокот во Националниот парк Маврово беше можност за вопостаување на дијалог на ниво на лидери на сектори, директори на заштитени подрачја, клучни чинители експерти научници за пристапите за управување со големите популации месојади во Северна Македонија, Словенија и Хрватска и креирање на механзиам за собирање и споделување податоци, мониторинг, воспоставување тренинг тимови за интервенција во долгорочна стратегија за управување со големи месојади.