Вработените од Ј.У Национален Парк Маврово се приклучуваат на акцијата за чистење на поплавените региони

Јавната Установа Национален Парк Маврово реши уште еднаш да помогне за настраданите од неодамнешните поплави кои се случија во регионот на Скопје. Овој пат е испратена група од десетина вработени која во текот на денот ќе се приклучи во акцијата за чистење на погодени населби. Групата ќе биде на располагање на кризниот штаб и со целото свое искуство ќе се ангажира да помогне во расчистувањето на остатоците од големите поплави.