Ве известуваме дека од 01.10.2023 година спортскиот риболов на река Радика и притоки е забранет до 31.01.2024

Ве известуваме дека спортскиот риболов на Мавровско Езеро ќе биде дозволен секој ден од 01.10.2023 до 31.10.2023 за сите видови риби освен за ПАСТРМКА која е во период на природен мрест.

Ценовник на дозволи за спортски риболов:

Дневна риболовна дозвола – 300,00 денари
Седумдневна риболовна дозвола – 1.500,00 денари
Петнаесетдневна риболовна дозвола – 2.200,00 денари
Годишна риболовна дозвола – 4.500,00 денари
Викенд риболовна дозвола (петок, сабота и недела) – 700,00 денари
Годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери – 3.000,00 денари
Годишна риболовна дозвола за жители во паркот – 2.500,00 денари

Дозволи можат да се набават во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.

Дневна риболовна дозвола може да се купи и преку електронскиот систем www.npmavrovo.mk во делот за БИЛЕТИ или на следниов линк https://npmavrovo.mk/

/130.

За да купите дозвола преку електронскиот систем мора да имате ВАЖЕЧКА E-MAIL адреса на која ќе добиете потврда за уплата. Уплатата може да се изврши со сите видови на платежни картички.

Останува обрвската да поседувате ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ со платена членарина за тековната година.

Дозволата која ќе ја купите по електронски пат ќе ја има и во хартиена форма која може да се подигне во Информативниот туристички центар

ПРАВИЛАТА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ ПРИ СПОРСКО-РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ ВО ВОДИТЕ НА РЕТИТОРИЈАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК МАВРОВО МОЖЕТЕ ДА ГО ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА

 

Logos Slider