Маврово Тура 2014
Во Организација на Националниот парк Маврово, Општината Маврово и Ростуша и БАЈКСТОП Скопје потпомогнати од Хотелско-угостителските субјекти од регионот се одржа шестата по ред Манифестација „Маврово Тура 2014’.
На програмата оваа година имаше возење на Голем и Мал Маратон (43км. и 93км.), Рекреативна велосипедска тура околу езеро, планинарски тури, а со купување на маичка за посетителите беше бесплатен влезот во пештерата „Шаркова дупка“ како и возењето си жичарата.
На малиот и големиот маратон имаше пријавено и учествуваа преку двеста натпреварувачи, а лошите временски услови не беа пречка за нив да ја остварат својата цел и мора да им се честита на упорноста и храброста како и посветеноста кон планинскиот велосипедизам.
Манифестацијата ја отворија Љубиша Кондев од БАЈКСТОП, Директорот на Националниот парк Маврово Онер Јакупоски и Градоначалниокот на Општина Маврово и Ростуша Мукрем Мехмеди. Сите ја истакнаа важноста од организирањето на вакви настани кои придонесуваат за развој и унапредувањето на туризмот и искажаа благодарност до сите чинители кои работат оваа манифестација да се одржи искажувајќи заложба за огранизирање и подршка и на други настани кои имаат за цел да се промовира паркот и општината.
Потоа стартуваше рекреативната велосипедска тура околу Мавровското езеро, пешачките тури кои поради временските услови мораше да се намалат, се отвори Пештерата и стартуваше со работа жичарницата.
Мораме да нагласиме дека временските услови не беа на наша страна но сепак тоа не беше пречка да се одржи манифестацијата со предвидените содржини и се надеваме дека наредната година Маврово Тура ќе биде уште подобра.
Националниот парк Маврово искажува благодарност на сите што учествуваа и помагаа во организацијата на Маврово Тура 2014 и истакнува дека овие настани кои имаат за цел да го промовираат туризмот во Националниот парк и Општината, секога ќе имаат подршка од Националниот парк Маврово.