МЖСПП, НП Маврово, Глобална Конзервација и Македонско еколошко друштво потпишаа меморандум за соработка
Денес се потпиша Меморандум за соработка меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање, Јавната установа национален парк „ Маврово“, Македонското еколошко друштво и фондацијата Глобал Конзервејшн (Global Conservation).
ШУКОВА Партнерството е потврдено – ги покренавме процесите за одржливо управување со природните вредности на НП МавровоСо тоа се потврди партнерството и рамката за заедничка соработка за планирање, организирање и спроведување на работи и активности за унапредување на заштитата на исклучително богатиот биодиверзитет и разновидните климатски, топографски и геолошки карактеристики на заштитеното подрачје Маврово и трансформација на овој национален парк со која ќе се надминат отворените прашања во воспоствувањето на одржливото управување со природните вредности на ова заштитено подрачје.
Со ова партнерство се заокружуваат потребните ресурси и капацитети за изработка на Студија за ревалоризација на природните вредности на заштитеното подрачје НП Маврово со која ќе се преиспита зонирањето на националниот парк воспоставено со неговото прогласување во 1949 година и следствено ќе се изработи и План за управување.
„Како Министер за животна средина и просторно планирање ми претставува особена чест и задоволство да ја истакнам веќе воспоставената соработка со нашите партнери фондацијата Global conservation, Македонското еколошко друштво и Јавната установа Национален парк Маврово во процесот за повторно прогласување на Маврово за заштитено подрачје во категоријата национален парк како обврска која произлегува од Законот за заштита на природата, но и како реална потреба за унапредување на заштитеното подрачје и за решавање на отворени прашања во одржливото управување со природните вредности во Паркот“- истакна министерката Шукова.
Покрај тоа што Студијата за ревалоризација на природните вредности на НП Маврово е законска обврска таа е условена и со низа промени што се случиле во оваа заштитено подрачје од времето на неговото прогласување до денес и за што треба евидентирање и соодветен план за управување.
Дел од нив се номинацијата за Длабока Река во НП Маврово на Листата на светското наследство на УНЕСКО „Букови прашуми (столетни шуми) на Карпатите и другите региони на Европа“, постоечка и донесена измена и дополна на урбанистичко планска документација на подрачјето на НП Маврово, како и за други инфраструктурни проекти кој можат директно да влијаат врз пределската и биолошка разновидност, Националните црвени листи и Нацрт национални референтни листи за живеалишта, растенија и животни вклучени на Директивата на ЕУ за живеалишта и птици, вклучени во Директивата на ЕУ за птици, присутни на територијата на НП Маврово, Досието за НП Маврово како Емералд подрачје според Бернската конвенција и како идно Натура 2000 подрачје според Директивите на ЕУ за живеалишта и птици, Отворениот случај од Бернската Конвенција при Советот на Европа за Северна Македонија, Еколошкиот коридор: Буковиќ (Сретково) и Буковиќ (Колари), како продолжение на прекуграничниот еколошки коридор Маврово (МК) – Кораб Коритник (АЛ) – планина Мунела (АЛ), утврдени еколошкиот коридор на движење на крупни ѕверови, како и Меморандумот за прекугранично подрачје помеѓу Северна Македонија, Албанија и Косово потпишан на 10.12.2022 година од тројцата министри.
Со ова активност МЖСПП и Владата на РСМ прави голем исчекор и одговара на препораките на Бернска конвенција за отворениот фајл за НП Маврово.
Директорот на Јавна установа Национален парк Маврово, Самир Ајдини денеска по потпишувањето на меморандумот се заблагодари на сите што помогнаа во овој процес за, како што рече, „да се тргне голготата со која се мачиме десет години“.
-Се надевам дека ова ќе биде иницијална „каписла“ за заштитата на нашето заштитено подрачје, за нашето убаво подрачје да биде уште поголемо и нашите вработени да имаат уште поголем мотив за работата, додаде Адини.
Претседателот на Македонско еколошко друштво Скопје, Славчо Христовски по потпишувањето на меморандумот го изрази своето задоволство и напомена дека МЕД со својата истражувачка дејност е присутен во НП Маврово вежќе триесетина година и дерка понатаму ќе ја дава својата експертска поддршка Националниот парк Маврово и на вработените.
Директорот на Глобална Конзервација за Европа и Азија, Мустафа Генен потенцираше дека даваат помош и поддршка на Министерството како и на Националниот парк Маврово, за осигурување на безбедност на животната средина.
Текст и Фотграфии Министерство за животна средина и просторно планирање