Претставници на НП Маврово во студиска посета на НП Дурмитор Р.Црна Гора
Претставници на НП Маврово беа во тридневна студиска посета на Националниот парк Дурмитор Р.Црна Гора. Тимот составен од шумарски инжинери, ренџери и чувари во заштитено подрачје во организација на невладината организација МЕД ( Македонско Еколошко Друштво), имаше прилика да се информира за историјатот на НП Дурмитор, начинот на управување, финансирањето и промоцијата на овој национален парк.
За време на посетата беа посетени неколку атрактивни туристички локалитети при што домаќините ја потврдија информацијата дека НП Дурмитор е пример за добро управувано заштитено подрачје, и организација од која може да се црпат и искористат многу искуства.
Една од целите на студиската посета беше и размена на искуства во однос на мониторирањето на диви животни а посебно на дивокозата. Броењето на дивокозата во групи е од исклучителна важност и за НП Маврово затоа што овој вид е еден од главните извори на храна за Балканскиот Рис. Покрај другите активности, беше организирана работилница во рамките на проектот Програма за закрепнување на Балканскиот Рис од страна на Диме Меловски претставник на МЕД.