Успешно заврши вториот Богородичен пливачки маратон „Леуново 2020“
Денес во с.Леуново се одржа вториот Богородичен пливачки маратон „Леуново -2020“.
Маратонот беше отворен со обраќање на претседателот на националната пливачка федерација и директорот на Национален Парк Маврово г.дин Самир Ајдини. Учествуваа преку 50 млади пливачи од повеќе различни пливачки клубови, а на крајот од маратонот на сите учесници им беа доделени признанија додека пак најдобрите учесници во сите категории добија медали.