Традиционалното искачување на врвот Голем Кораб кое по 27-ми пат се организира во чест на  денот на независноста на Р.Македонија, оваа година се одржа на 09 септември ( недела).

Временските услови овој пат беа идеални а повеќе од 600 гости имаа можност да уживаат во убавините на Кораб, прекрасниот поглед на планинските врвови и целата околина.

ЈУНП Маврово и оваа година му даде значајна поддршка на организаторот на овој убав планинарски настан ПСД Кораб, а во знак на почит кон сите љубители на планините, директорот на паркот г.дин Самир Ајдини додели  пофалници за сите планинарски друштва кои со своите членови го направија овој настан поубав.

 

Остави Коментар

Logos Slider