НП Галичица во посета на НП Маврово
Во рамките на акцискиот план за заштита на балканскиот рис, на покана на МЕД (Македонското еколошко друштво) и Националниот парк Маврово претставници на Националниот парк Галичица го посетија Националниот парк Маврово. Целта на оваа посета е професионална обука за заловување на рисот како и начинот на кој се поставуваат камери за следење. На теренската посета беше прикажано како е поставена замката за рисот и функционирањето на истата при исптраќање на сигнал при заловување.
НП Маврово и МЕД искажаа благодарност за посетата со надеж за поголема соработка во иднина помеѓу трите страни.