Дечињата од Ј.А. Коменски – Скопје на тура по патеката на Петко во НП Маврово
Уште една успешно завршена тура по патеката на Петко и шумските жители. Овој пат на гости ни беа учениците од О.У. Јан Амос Комески од Скопје. Децата заедно со водачите од АПЛЕНД се запознаваа со растителниот и животинскиот свет во Националниот парк Маврово и учеа како треба да се однесуваат во природа и како треба да ја заштитуваат животната средина. Радува фактот дека децата уште од најмали години покажуваат голема свест за заштитата на животната средина што ни дава за право да се надеваме дека генерациите што доаѓаат ќе ја почитуваат природата и ќе ја унапредуваат заштитата на животната средина..