Проект за прогласување букови девствени шуми на територијата на НП Маврово
На 07.11.2020 година во Информативниот туристички центар во НП Маврово се одржа работна средба во рамките на проектот за прогласување на букови девствени шуми во Длабока река на кој присуствуваа Јан Вулхет претставник од IUCN екперт за проценка на букови девствени шуми, Ана Коваровит од институтот за екологија од Австрија како координатор на проектот, Директорот на НП Маврово Самир Ајдини, Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски, вработени од паркот како и дел од претсавниците на локалното население како засегнати страни. На состанокот се разговараше за проектот придобивките од прогласувањето на букови девствени шуми во Длабока река при што експертот од IUCN и координаторот на проектот беа заинтересирани да ги слушнат предлозите и забелешките од засегнатите страни при што е договорено дополнителните забелешки да се достават писмено до паркот до 23.11.2020 и истите да се достават до експертите.
На состанокот претходеше теренска посета на екпертите со вработените од паркот на делот каде што е планирано да се прогласат букови девствени шуми во Длабока река.