УСПЕШНО ЗАВРШИ ТРАДИЦИОНАЛНОТО ИСКАЧУВАЊЕ „ГОЛЕМ КОРАБ 2018“

Традиционалното искачување на врвот Голем Кораб кое по 27-ми пат се организира во чест на денот на независноста на Р.Македонија, оваа година се одржа на 09 септември ( недела).
Временските услови овој пат беа идеални а повеќе од 600 гости имаа можност да уживаат во убавините на Кораб, прекрасниот поглед на планинските врвови и целата околина.
ЈУНП Маврово и оваа година му даде значајна поддршка на организаторот на овој убав планинарски настан ПСД Кораб, а во знак на почит кон сите љубители на планините, директорот на паркот г.дин Самир Ајдини додели пофалници за сите планинарски друштва кои со своите членови го направија овој настан поубав.