[:mk]Почитувани,

Ве известуваме дека на 03.02.2023 година (петок) се отвора сезоната за спортски риболов на Мавровско Езеро и река Радика во Националниот парк Маврово.

Денови кои се дозволени за спортски риболов се:

  • Мавровско Езеро

Од 03.02.2023 година до 01.06.2022 година дозволени денови за риболов се: петок, сабота, недела и државни празници.

Од 01.06.2023 до 31.10.2023 година риболовот ќе биде дозволен секој ден.

За периодот од 01.10.2023 до 31.10.2023 спортскиот риболов на Мавровско Езеро ќе биде дозволен секој ден за сите видови риби освен за ПАСТРМКА која е во период на природен мрест

  • Река Радика и притоки

Дозволени денови за риболов од 03.02.2023 година до 30.09.2023 година се: петок, сабота, недела и државни празници, а во месец август риболовот ќе биде дозволен секој ден

Оваа риболовна сезона има промена на цените за дозволите за спортски риболов и се воведуваат уште три видови на дозволи и тоа: викенд риболовна дозвола, годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери и годишна риболовна дозвола за жители во паркот.

Ценовник на дозволи за спортски риболов:

  • Дневна риболовна дозвола – 300,00 денари
  • Седумдневна риболовна дозвола – 1.500,00 денари
  • Петнаесетдневна риболовна дозвола – 2.200,00 денари
  • Годишна риболовна дозвола – 4.500,00 денари
  • Викенд риболовна дозвола (петок, сабота и недела) – 700,00 денари
  • Годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери – 3.000,00 денари
  • Годишна риболовна дозвола за жители во паркот – 2.500,00 денари

Услов за добивање на годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери е приложување на соодветен документ (чек од пензија, документ за ученик или студент)

Услов за добивање на годишна риболовна дозвола за жители во паркот е приложување на лична карта.

Дозволи можат да се набават во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.

Дневна риболовна дозвола може да се купи и преку електронски систем на www.npmavrovo.mk во делот за БИЛЕТИ или на следниов линк https://npmavrovo.mk/buy/130. За да купите дневна риболовна дозвола преку електронскиот систем мора да имате ВАЖЕЧКА E-MAIL адреса на која ќе добиете потврда за уплата. Уплатата може да се изврши со сите видови на платежни картички.

Останува обрвската да поседувате ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ со платена членарина за тековната година.

Дозволата која ќе ја купите по електронски пат ќе ја има и во хартиена форма која може да се подигне во Информативниот туристички центар

 [:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]