Одбележување на 7-ми октомври денот на Паркови Динариди
Денот за заштита на Динариди – 7 октомври е прогласен на 29 мај 2019 година на Генералното Собрание на Парковите Динариди – мрежа на заштитените подрачја Динариди во Паркот на приодата Блидиње (Босна и Херцеговина)
Секоја година, на 7 октомври со одбележувањето на Денот на заштита на Динариди ќе се потенцира важноста на природното и културното наследтво на земјите од Динарскиот лак, како и испреплетеноста на природното богатство –историските вредности на овој по многу нешта посебен простор во Европа.
Динариди (Динарскиот лак) претставува еден од најголемите планински ланци во Европа кој поврзува осум држави во југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија.
По тој повод Националниот парк Маврово организираше едукативна тура со учениците од О.У. Мустафа Кемал Ататурк од Гостивар по Патеката на Петко и шумските жители која се наоѓа во репродуктивниот центар за Балкански елен во Бунец. Преку игра и забава учевме со децата за растителниот и животинскиот свет во НП Маврово, учевме за значењето на заштитените подрачја нивното зачувување и унапредување на животната средина.
НП Маврово континуирано врши едукативни тури со учениците и ќе продолжи понатаму со оваа активност затоа што децата се наши пријатели кои многу добро ја разбираат важноста на заштитените подрачја и заедно ќе успееме да ја подигнеме свеста за заштита и унапредување на животната средина.