Успешно реализирана еколошка акција “Почиста општина,поздрава животна средина”
На иницијатива на Министерството за животна средина и просторно планирање денес на територија на националниот парк Маврово и општината Маврово и Ростуше се организираше еколошка акција под мотото “Почиста општина,поздрава животна средина”.
Во акцијата покрај Јавната Установа Национален Парк Маврово, активно се вклучи и општината Маврово и Ростуше како и други локални институции. Учесниците чистеа смет и отпадоци покрај регионалниот пат Маврово – Дебар, по течението на реката Радика, како и околу Мавровското езеро.
Ваквите акции се дел од програма за работа на Националниот Парк Маврово и истите ќе продолжат и ќе бидат поддржувани и во иднина.