Ј.У Национален Парк “Маврово” донираше 150 000 денари за поплавените подрачја
Ј.У Национален Парк “Маврово” како општествено одговорна организација, на вонредна седница на управниот одбор ја донесе одлуката со бр: 02-659/1, со која одлучи да да донира парични средства во износ од 150 000 денари ( сто и педесет илјади денари) со цел иститите да бидат искористени за побрзо и поефикасно справување со катастрофалните последници од поплавите кои го зафатија реонот на Скопје и околните населени места.
Со оваа донација, јавната установа се вклучува во националната акција за помош на поплавените подрачја и отсечените села. Иако овој износ неможе да реши повеќе од проблемите со кои нашите настрадани сограѓани се справуваат овие денови, сепак нашата институција се надева дека со овој потег ќе поттикне уште многу државни и приватни организации да ја следат нашата постапка и да донираат, а на тој начин да се соберат што повеќе парични средства кои се неопходни за целосно нормализирање на животот во погодените региони.
Помошта за поплавените подрачја е дел од заложбите на нашата установа, но и индивидуална определба на сите вработени на ЈУ Национален Парк “Маврово”.
Нашата институција и понатаму ќе ги следи понатамошните текови на акцијата, и доколку има потреба ќе биде подготвена да помогне на настраданите на било каков начин.