ПРИЕМ ВО AМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА САД
Американската амбасада во Скопје вчеравечер (30 јуни 2016 г.) организираше прием по повод Денот на независноста на САД, на кој присуствуваа личности од политичкиот и јавниот живот во Македонија.
Пренесуваме дел од говорот на неговата екселенција, амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Л. Бејли, кој со посебен пиетет зборување за улогата на националните паркови во САД и посвети посебен дел од говорот за улогата што во Република Македонија треба да ја имаат нејзините национални паркови:
Националните паркови навистина се – како што рекол американскиот писател и историчар Уалас Стегнер – “најдобрата идеја што Америка некогаш ја имала. Апсолутно американска, апсолутно демократска, тие се одраз на нашите најдобри работи.” Како што можеби веќе знаете, Американците често не се сложуваат меѓусебе за прашања од јавен интерес. Ако ги следите овие контроверзни избори во САД, може ќе кажете дека тоа што го реков не е доволно силно. Но националните паркови се нешто за кое се согласуваме, бидејќи нашите национални паркови навистина им припаѓаат на сите Американци и ја претставуваат нашата заедничка историја, наследство, и култура. Иако луѓето можат да дебатираат за ова прашање, јас никогаш не сум сретнале некој кој верува дека ние како нација ќе бидеме подобри без нашите паркови.
Абрахам Линколн рекол, “најдобриот начин да се предвиди иднината, е таа да се создаде.” Додека се соочуваме со конфликтите и предизвиците на денешницата, ајде да ги решиме така да идните генерации ќе гледаат наназад со гордост на одлуките што ние сме ги донеле, и ќе ги одбележуваат места на кои се донесени.
Нашите национални паркови се резултат на мудро управување, како во мојата земја, така и тука во Македонија. Имав среќа да ги посетам сите три паркови на Македонија по неколку пати, неодамна се искачив во планината Баба и се симнав од другата страна на Преспанското езеро. Заедно со вашите културни и историски локалитети, вашите паркови се подарок од вашите родители и баби и дедовци, и ваш подарок за вашите деца и внуци. Затоа, вечерва исто така ги чествуваме мудрите одлуки за заштита на овие места. Среќни сме што вечерва тука со нас се директорите на националните паркови и вработените во Маврово, Пелистер и Галичица. Со себе донеле материјали во кои се истакнува извонредната и комплексна убавина на вашите национални паркови. Ве молам посетете ги нивните штандови, кои убеден сум дека ќе ве инспирираат повторно да ги посетите вашите национални паркови. Исто така, вечерва со нас тука се и победниците на нашиот онлајн конкурс за дизајн на постери за парковите на Македонија. Нивната работа може да ја видите исложена тука.