Петтата интензивна сесија со фото замки во Националниот парк Маврово започна на 15 февруари оваа година. Ренџерите во паркот заедно со членовите на Македонското еколошко друштво за 4 дена успешно поставија 60 фото замки на 30 различни локации во паркот. “Замките„ ќе бидат активни 2 месеци, а контрола на истите ќе биде вршена според претходно утврдена динамика.

По првата проверка на фото замките близу селото Жировница успеавме да сликаме две различни единки од балканскиот рис. Бидејќи периодот на парење на рисот е во полн ек, а земајќи предвид дека истите единки се сликани и претходната сесија во 2015 година, мислиме дека се работи за возрасни мажјак и женка.

Бидете во тек и следете ја страната на НП Маврово за повеќе информации околу престојаната сесија.

 

 

 

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider