[:mk]Јавната Установа Национален Парк Маврово преку средства обезбедени од страна на организацијата на заштитени подрачја – Динариди,  ќе отпочне со реализација на проектот “НП Маврово за младите – Едукација Партнерство Иднина“ во чии рамки ќе се спроведе обука на нова генерација од 8 професионални водичи во планина кои на крајот од истата ќе се стекнат со професионална лиценца.

Обуката пред се е наменета за млади лица, жители на општина Маврово и Ростуше.

 

Бројот на кандидати кои ќе се стекнат со право на обука е ограничен на 8 лица, и во случај на пријавување на поголем број на заинтересирани ќе се извршат психофизички тестирања и селекција на пријавените.

Право на пријавување имаат сите жители на општина Маврово и Ростуше со наполнети 18 години.

Покрај одредени психофизички предиспозиции кои теба да ги поседува секој од кандидатите, предност при бодувањето ќе имаат оние кандидати кои имаат статус на невработени лица и кои познаваат минимум еден странски јазик.

Кандидатите кои ќе се стекнат со право на обука ќе потпишат соодветни договори за соработка со Националниот парк Маврово.

Пријавување на кандидатите ќе се врши од 16.05.2018 до 28.05.2018.

Датумот за средба за запознавање со проектните активности и условите за следење на оваа обука, како и датум за селекција на кандидатите ќе се закаже дополнително.

Потребни документи за пријавување:

  • Образец – Пријава за обука ( документот може да се подигне од инфо центарот во Маврови Анови или во електронска форма да се превземе од веб страницата на НП Маврово npmavrovo.org.mk );
  • Копија од лична карта и извод на родени;
  • Доказ за завршено образование, или потврда од образовна институција дека кандидатот е редовно запишан во истата;
  • Дополнително секој кандидат може да достави доказ за познавање на странски јазик.

Вашите документи може да ги доставите директно во инфо центарот во Маврови Анови, преку пошта на адреса:  Туристички Информативен Центар -ЈУНП Маврово – Маврови Анови 1256, или преку електронска пошта на: infopoint@npmavrovo.org.mk

        Повикот го објавува:

Ј.У. Национален Парк Маврово

 

Датум: 16.05.2018

[download id=”3888″ template=”Образец- Пријава за обука”][:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]