[:mk]Ј.У. Национален Парк Маврово по повод одбележувањето на седумдесет годишнината од своето формирање, го објавува следниот:

К О Н К У Р С

за најдобра фотографија на тема:

 “Приказни за убавините на Националниот Парк Маврово”.

Затоа ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ни ги испратат своите фото “приказни” и да учествуваат на овој конкурс.

 

Правила за учество:

Конкурсот е отворен за сите жители на Република Северна Македонија.

Доставените фотографии мора да бидат направени на територија на Националниот Парк Маврово.

 

Конкурсот опфаќа три различни категории на учество:

  1. Млади фотографи ( до 16 години)
  2. Фотографи аматери
  3. Професионални фотографи

 

Начин на испраќање на фотографиите:

Испратете ги вашите фотографии на infopoint@npmavrovo.org.mk

Секоја фотографија треба да ги содржи следните информации:

  1. Име и Презиме на фотографот
  2. Локација на која е направена фотографијата
  3. Дата кога истата е направена (ќе бидат прифатени и фотографии кои се направени пред објавување на овој конкурс)
  4. Категорија во која сакате да се натпреварувате

Едно лице може да поднесе најмногу 5 дигитални фотографии испратени преку е-маил.

Учеството е бесплатно.

Трошоците за организација на изложба или друг настан на кој би се промовирале фотографиите се на сметка на организаторот на овој конкурс.

Времетраење на  конкурсот:

Од денот на објавување до 15 .11. 2019 г.

Наградите кои ќе бидат доделени се следните:

  1. за категорија млади фотографи: вредносен ваучер во износ од 5.000 денари
  2. за категорија фотографи аматери: вредносен ваучер во износ од 10.000 денари
  3. за категорија професионални фотографи: вредносен ваучер во износ од 15.000 денари

Наградените фотографии ќе бидат објавени на 20.11.2019 на веб страната на НП Маврово www.npmavrovo.org.mk како и фб. страницата и инстаграм профилот на паркот:

https://www.facebook.com/mavrovo/

https://www.instagram.com/mavrovonationalpark/

Наградите ќе бидат доделени за време на свечениот настан по повод одбележувањето на 70 годишнината од формирањето на ЈУНП Маврово кој ќе се одржи на 29.11.2019 година ( во случај на промени на датумот ќе бидете навремено известени).

 

Членови на Комисијата за оценување и доделување награди:

  1. Адем Сулејманоски – уметник и фотограф;
  2. Смиљка Танева – Министерство за животна средина и просторно планирање, и претседател на управен одбор на ЈУНП Маврово;
  3. Диме Меловски– Македонско еколошко друштво.

Одлуката на Комисијата ќе биде конечна.

Организаторите го задржуваат правото да дисквалификуваат фотографии кои очигледно го нарушуваат кодексот за фотографирање на дивиот свет и природа. Кодексот ќе биде приложен на крајот од овој документ.

 

Дополнителни услови:

Фотографии врз кои се направени дигитални манипулации кои значително ја менуваат реалната слика,  и фотографии кои не се сликани на територија на НП Маврово нема да бидат прифатени.

Не е дозволена дополнителна модификација на фотографиите или нејзината содржина преку додавање или одземање други елементи (животни, растенија, луѓе и сл.).

Авторски права, одговорност и објавување.

Авторските права за сите фотографии кои учествуваат мора да припаѓаат на фотографите кои се пријавиле на конкурсот.

Организаторот на овој конкурс нема да сноси никакви правни последици доколку фотографиите кои ќе ги доставите се “крадени“, т.е превземени од друг фотограф и изменети, а организаторот има право да покрене правна постапка поради евентуална манипулација.

Фотографот ги задржува правата за неговите/нејзините фотографии во секое време и неговото/нејзиното име ќе се појавува секогаш кога ќе бидат објавени. Со учество во натпреварот, натпреварувачот му дава право на организаторот за бесплатна употреба на фотографиите за следните цели:

  • Промоција во публикации, промовирање на проекти за заштита на природата и туризам, промоција преку веб страни и социјални мрежи во сопственост на организаторот, како и во медиуми.
  • Сите фотографии можат да бидат користени од страна на организаторот за комерцијални цели и изработка на секаков тип на рекламни материјали.

 

Кодекс за однесување при фотографирање на природатa:

Фотографот кој фотографира природа во никој случај не смее да го загрози животот на животните и опстанокот на растенијата, или да го наруши нивниот начин на живот и околината.

Животот и благосостојбата на секое суштество и почитувањето на неговото живеалиште е далеку поважно од која било фотографија и затоа:

  1. Следењето на законските регулативи за заштита на животинскиот свет е императив.
  2. Да земате и да откинувате растенија или да ги вознемирувате животните заради фотографија е апсолутно неприфатливо.
  3. Кога фотографирате, ниту предметот ниту околината не треба да се менуваат. Бидете многу внимателни да не направите  штета врз околината и природната заштита на “предметот„ кој го фотографирате. Ве молиме, бидете особено претпазливи кога користите фотофлеш.
  4. Фотографирање на птици во близина на гнездо е неприфатливо.
  5. Уништувањето на она што претставува храна за животните или вознемирување на животните додека се хранат или ги хранат своите младенчиња треба да се избегнува.
  6. Местата каде што животните се собираат или ги користат за спиење и одмор, не треба да се посетуваат во никој случај.
  7. Општо, треба да се избегнува какво било мешање и дејствување во природните живеалишта. Затоа, препорачуваме да не користите мамки, или храна за привлекување на животните.
  8. Манипулацијата со животни (на пр. бркање, држење е или нивно насилно преместување) или растенија (на пр. притискање) е несоодветно, треба да се избегнува, и е тотално неприфатливо. Доколку фотографиите може да се направат единствено со таквата манипулација, тогаш подобро фотографирањето да биде откажано и да се чека друга можност т.е природна положба која ги задоволува вашите идеи.

 

    Ј.У. Национален Парк Маврово

     Маврови Анови – 22.10.2019                                                                         

 

 

 

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]