[:mk]

Денес ( 20.09.2020г.) во Маврово од страна на Дирекцијата за заштита и спасување беше успешно реализирана првата од повеќето планирани симулациски вежби за спасување. Пред почетокот на вежбата во кратки црти се презентираше основната функција на оваа дирекција, начинот и протоколите според кои истата работи и соработува со останатите институции, а беше презентирана и дел од опремата и механизацијата со која дирекцијата располага.
 
Настанот го посетија и истиот имаа можност и одблиску да го следат и директорот на ЈУНП Маврово г.дин Самир Ајдини како и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше г.дин Медат Куртовски. И двајцата подоцна дадоа изјави за медиумите и ги потврдија своите ставови дека соработката со ДСЗ е од огромно значење за регионот. Директорот на дирекцијата г.дин Аднан Џафероски изрази голема благодарност за логистичката поддршка до претставниците на двете институции, и потврди дека наскоро ќе се реализираат уште неколку слични симулациски вежби но на сосема различни терени од паркот.

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]