[:mk]Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската
агенција за развој и соработка, и Амбасадата на Република Франција во Република Северна
Македонија, во соработка со Македонска Спортско Качувачка Федерација, денес реализираа
тркалезна маса на тема: Маврово – дестинација за спортско качување во подем.

Целта на оваа средба беше размена на искуства и информации во однос на досегашните активности и инвестиции од различните засегнати страни за развој на активниот туризам во Република Северна Македонија, со посебен осврт на спортското качување, како и дискусија околу потенцијалот и предизвиците за развој на Република Северна Македонија како дестинација за спортско качување.

Помеѓу официјалните гости кои им се обратија на присутните беше  и директорот на ЈУ Национален Парк Маврово г.дин Самир Ајдини, кој даде целосна поддршка на сите активности кои во моментов се спроведуваат, и нагласи дека паркот и во иднина ќе биде отворен за ваква соработка со сите оние кои имаат цел да го промовираат и афирмираат НП Маврово како светска туристичка дестинација.

На тркалезната маса присуствуваа и г.дин Емануел Римберт претставник на  амбасадата на Р. Франција,   директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот г.дин Лјупчо Јаневски, градоначалникот на општина Маврово и Ростуше г.дин Медат Куртовски, претставници од Агенција за млади и спорт, тимот за спасување во рамки на Македонска Спортско Качувачка Федерација, Федерација на планинарство на Северна Македонија, претставници на приватниот сектор, НВО Такт. Покрај нив на настанот  присуствуваа и членови на Француската Качувачка Федерација, кои во моментот престојуваат во Република Северна Македонија. Тие заедно со неколку наши спортски качувачи, во близина на месноста Криви Мост ( НП Маврово) веќе една недела работат на поставување на нови насоки за качување.

Според гостите од Франција, локалитетот Криви Мост но и целиот национален парк имаат огромен потенцијал за привлекување авантуристи од целиот свет. Насоките на кои што работат се идеални, тешки и сигурно ќе ги привлечат најдобрите светски качувачи,  а тоа ќе придонесе НП Маврово многу брзо да прерасне во светски позната дестинација. Француските спортски качувачи ги придружува и главниот уредник на реномираното француско списание Grimper, кој работи на промотивна репортажа.

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]