Информација за почеток на сезона за спортски риболов на водите во НП Маврово 2024
Почитувани,
Ве известуваме дека од 02.02.2024 година (петок) започнува сезоната за спортски риболов на Мавровско Езеро и река Радика во Националниот парк Маврово.
Денови кои се дозволени за спортски риболов се:
Мавровско Езеро
Од 02.02.2024 година до 01.06.2024 година дозволени денови за риболов се: петок, сабота, недела и државни празници.
Од 01.06.2024 до 31.10.2024 година риболовот ќе биде дозволен секој ден.
За периодот од 01.10.2024 до 31.10.2024 спортскиот риболов на Мавровско Езеро ќе биде дозволен секој ден за сите видови риби освен за ПАСТРМКА која е во период на природен мрест
Река Радика и притоки
Дозволени денови за риболов од 02.02.2024 година до 30.09.2024 година се: петок, сабота, недела и државни празници, а во месец август риболовот ќе биде дозволен секој ден
Ценовник на дозволи за спортски риболов:

  • Дневна риболовна дозвола – 300,00 денари
  • Седумдневна риболовна дозвола – 1.500,00 денари
  • Петнаесетдневна риболовна дозвола – 2.200,00 денари
  • Годишна риболовна дозвола – 4.500,00 денари
  • Годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери – 3.000,00 денари
  • Годишна риболовна дозвола за жители од паркот – 2.500,00 денари
    Услов за добивање на годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери е приложување на соодветен документ (чек од пензија, документ за ученик или студент)
    Услов за добивање на годишна риболовна дозвола за жители во паркот е приложување на лична карта.
    Дозволи можат да се набават во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.
    Дневна риболовна дозвола може да се купи и преку електронски систем на www.npmavrovo.mk во делот за БИЛЕТИ или на следниов линк https://npmavrovo.mk/buy/130
    За да купите дневна риболовна дозвола преку електронскиот систем мора да имате ВАЖЕЧКА E-MAIL адреса на која ќе добивате потврда за уплата. Уплатата може да се изврши со сите видови на платежни картички.
    НАПОМЕНУВАМЕ дека обврската да поседувате ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ со платена членарина за тековната година е задолжителна. Податоците кои ги внесувате при купување на дозвола преку електронскиот систем (на пр. бројот на риболовна легитимација) мора да се точни и веродостојни. Со штиклирањето на опцијата ПОТВРДА ЗА ТОЧНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ вие потврдувате дека поседувате соодветна риболовна легитимација со платена членарина – маркица за 2024г. При контрола од страна на ренџерската служба или друг овластен државен орган, секој кој поседува риболовна дозвола извадена преку електронскиот систем покрај повратниот маил од кој ќе го добие на својата адреса како потврда за извршена уплата должен е да приложи и важечка риболовна легитимација. За давање на неточни информации се одговара согласно законите.
    Дозволата (со истиот реден број кој ќе го добиете преку електронскиот систем) која ќе ја купите по електронски пат ќе биде пополнета и во хартиена форма. Доколку имате потреба, дозволата во хартиена форма може да си ја подигнете во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.
    Ј.У.Н.П. Маврово ги замолува сите спортски риболовци да ги почитуваат законските одредби, забраните за риболов на одредени видови на риба во одредени периоди од годината, а исто така да водат евиденција и за бројот на дозволени парчиња за улов како и нивната големина.
    Со почит.
    Ј.У.Н.П. Маврово

Logos Slider